Фудбалерите на Баерн Минхен со спектакуларен пресврт остварија триумф на гостувањето против Фрајбург во еден од најинтересните дуели во рамките на 28-то коло од германската Бундеслига.
Баерн губеше со 2:0 до 82-та минута, но на крајот постигна три гола и победи со 2:3. Тренерот на Баварците, Винсент Компани, ги измеша картите пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, кој неговиот тим го чека во вторник.
Фантастичен натпревар имаше на „Беј Арена“, каде што домашниот тим Баер Леверкузен губеше од Волфсбург со 1:3, а потоа направи пресврт и победи со резултат од 6:3.
Како гостин, Лајпциг го победи Вердер Бремен со 2:1.
Нерешени беа натпреварите меѓу Борусија Менхенгладбах – Хајденхајм (2:2) и Хамбургер Аугсбург (1:1), додека Мајнц како гостин го совлада Хофенхајм со 2:1.

