Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше разочаран од тешкиот пораз од Манчестер Сити (0:4) во ФА Купот.
„Не мислам дека има потреба да се прашува за резултатот; тој зборува сам за себе. Неверојатно е разочарувачки. Поразот е разочарувачки сам по себе, но да се изгуби со 4-0 во четвртфиналето на ФА Купот од тим со кој имавме многу одлични натпревари, дури и битки, е, секако, огромно разочарување. Оние дваесет минути во кои примивме четири гола не беа наш стандард. Не мислам дека некој ќе се сети на ова, но имаше многу добри работи во играта на нашиот тим во првите 35 минути. Ќе беше одлично ако ги реализиравме некои од нашите шанси. Ако сакате да имате шанса да го победите ПСЖ , треба да се подобриме во сите сегменти. Ако создавате шанси, треба да постигнувате голови. И не можете да им дозволите да постигнат четири гола толку лесно“, рече менаџерот на Ливерпул.

