Баерн „растури“ па се опушти

1.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн „растури“ па се опушти

Екипата на Баерн Минхен на домашен терен во денешното Бундес лига коло забележа триумф од 4:3 против тимот на Холстен Кил. Во сосема типичен баварски стил, прво поведе со 4:0 со головите на Мусиала, Кејн на два пати и Гнабри, а потоа од нејасни причини гостите потполно се вратија во игра.

Најпрво Порат намали на 4:1, за да Шкрзибски со два гола го направи финишот неизвесен. Сепак, гостите немаа сила за четврти гол па Баерн ги освои трите бода.

Бохум загуби на домашен терен од Фрајбург со 0:1, додека пак Дортмунд ја оправда фаворитската улога против Хаиденхајм и триумфираше со 1:2 на гостински терен.

Сент Паули и Аугзбург одиграа 1:1, додека Штутгарт на свој терен загуби од Менхенгладбах со 1:2.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата