Артета и Арсенал сега се во проблеми, ама во декември…

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета и Арсенал сега се во проблеми, ама во декември…
ФОТО: FC Arsenal/FB

Арсенал е лидер во Премиер лигата, има максимум во Лигата на шампионите, но она вистинското допрва доаѓа. Четата на Микел Артета ќе одигра три пеколни натпревари во рок од седум дена, бидејќи Тотенхем и Баерн Минхен пристигнуваат на „Емирати“, а потоа следниот викенд гостува кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Иако Арсенал ќе биде ослабен без стоперот Габриел во следните неколку недели, како и без неговите соиграчи – Мартинели, Жесус покрај Мартин Одегард, Каи Хаверц и Нони Мадуеке, повеќето од нив ќе бидат подготвени да се вратат на теренот на почетокот на декември.
Последниот на списокот на повредени – Габриел ќе се врати најдоцна, но затоа наскоро ќе биде на теренот – Хаверц, Жесус, Мадуеке и пред сè Мартинели.
Со тие повреди, проблемот е тешкиот распоред до почетокот на декември.
По споменатите три дербија, Арсенал има малку полесен распоред, бидејќи Брентфорд чека, Астон Вила и Клуб Бриж гостуваат, потоа Вулвс и Кристал Палас доаѓаат на Емирати, а помеѓу нив има гостување кај Евертон на Гудисон, а на крајот од годината гостуваат и Брајтон и Астон Вила…
Во превод, повредата на Габриел и трите дербија за осум дена се проблем во моментов, но во декември сè ќе биде многу полесно поради враќањето на играчите и полесниот распоред…


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата