Ариго Саки се враќа на тренерската клупа по 24 години?!

17.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ариго Саки се враќа на тренерската клупа по 24 години?!

Ариго Саки е вистинска тренерска легенда. Тој беше творецот на ГРАНДЕ МИЛАН, клуб и тим кој пред три децении беше убедливо најдобриот во светот. Беше и во Реал Мадрид, Атлетико Мадрид како и селектор на Италија со која освои сребро на СП во САД 1994 година.

Сепак, се знае дека легендарниот Саки веќе 24 години е надвор од тренерски води што се вели, но, барем според неговите зборови, веројатно нема долго да биде така.

Иако имам 78 години размислувам да се вратам како тренер. Имам доста понуди, како од Италија така и надвор од мојата земја. Која и каква понуда би прифатил, сега тоа не знам, но ништо не е исклучено“ посочи Саки кој последен клуб како тренер му е Парма уште во таа далечната 2001 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата