Анчелоти: Претседателот на Ла Лига премногу зборува за нас и не покажува почит

25.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анчелоти: Претседателот на Ла Лига премногу зборува за нас и не покажува почит

Утре со почеток од 21:30 на програмата во Шпанија е полуфиналето од Кралскиот Куп на Шпанија. Се среќаваат екипите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад, а реваншот е на 1 април на Бернабеу.

Денеска тренерот на Реал, Карло Анчелоти на официјалната прес конференција пред мечот, го најави истиот, но не зборуваше само за самиот дуел, туку и за се останато околу клубот.

„Секогаш било тешко да се игра со Реал Сосиедад , ова е полуфинале, важен меч за двата тима. Ќе биде рамноправен и интересен натпревар бидејќи противникот игра добар фудбал, а ние сакаме да продолжиме со нашата динамика. Мбапе ќе патува со нас и ќе биде дел од составот„ – изјави Анчелоти, а потоа се осврна и на нападите од страна на федерацијата кон Реал.

Анчелоти му одговори и на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој ги нарече Реал Мадрид „плачковци“.

„Тој премногу зборува за Реал Мадрид. Откако сум во Реал, тој не покажува почит кон многу „Мадридисти“ со тоа што зборува така. Има поважни прашања и тој треба повеќе да се фокусира на решавање на проблемите на шпанскиот фудбал. Тебас рече дека му е срам што е навивач на Реал Мадрид? Не знам колку му е срам. Мислам дека сите се горди што се навивачи на овој клуб“ – рече Анчелоти.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата