Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти призна дека неговиот тим се покажал многу лошо во четвртфиналето на Лигата на шампионите на гостински натпревар против Арсенал, губејќи со 0:3. Ова беше втор тежок удар за кралскиот клуб во последните денови по поразот од Валенсија на „Сантијаго Бернабеу“ во Ла Лига.
“Во првиот час од натпреварот се беше во ред, но потоа плативме висока цена со двата гола примени од директни слободни удари. Го загубивме духот. Поразот е навистина тежок.
Разочарувачки е што откако одигравме добро до паузата, не можевме ништо да направиме во вториот дел. Ќе се обидеме се што е во наша моќ да изгледаме поинаку на реваншот“, вети италијанскиот стручњак.
Искусниот стручњак на Реал призна дека после двата гола на Рајс играта била поинаква, до тој момент мечот бил изедначен. Но, не ја губи вербата, воден од минатото неговиот тим знаел да се врати по една ваква негатива.
„До двата гола на Рајс, натпреварот беше изедначен. Арсенал го имаше поседот, но не можеше да најде слободен простор меѓу редовите. Сепак, кон крајот, нападите на домаќините станаа поопасни. Многупати сме се враќале, треба пак да го направиме тоа. Мора да гледаме напред. Треба да направиме се што е можно во реваншот“, беше искрен Анчелоти.