Сега откако и дефинитивно се знае дека Флоријан Вирц, веројатно најдобриот германски фудбалер по завршување на сезоната ќе си оди од Леверкузен, гигантите водат битка како да го доведат во своите редови.
Се знае дека за него Леверкузен ќе бара 140 милиони евра, а Реал Мадрид и Баерн Минхен се подготвени да ја платат таа сума со оглед на тоа дека напаѓачот е под договор со Леверкузен до 2027 година.
Во врска со ова Манчестер Сити го направил првиот потег. Како што пренесуваат медиумите на Островот и во Германија, доставена е официјална понуда вредна неверојатни 150 милиони евра до самиот клуб од Леверкузен за Вирц.
Додека на фубалерот му се понудени 25 милиони евра по сезона со што ќе биде вториот најплатен играч на Сити и во Премиерлигата, веднаш зад Ерлинг Халанд.
Се наведува и тоа дека Пеп Гвардиола веќе имал телефонски разговор со таткото на Вирц.