Килијан Мбапе го урна рекордот по бројот на постигнати голови во првата сезона во дресот на Реал Мадрид.
Францускиот напаѓач постигна хет-трик против Барселона во 35-то коло од Ла Лига со што стигна до 39 гола на официјални натпревари за мадридскиот тим. Претходно, напаѓачот го престигна Кристијано Роналдо, кој постигна 33 гола во својата дебитантска сезона.
На тој начин Мбапе го урна рекордот на Иван Заморано. Чилеанецот во дебитантска сезона во 1992/93 постигна 37 гола.