СВЕТОТ ВО ШОК: Жена забременила и покрај тоа што имала спирала, БЕБЕТО СЕ РОДИЛО СО „ТРОФЕЈ“ ВО РАЧЕТО

8.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВЕТОТ ВО ШОК: Жена забременила и покрај тоа што имала спирала, БЕБЕТО СЕ РОДИЛО СО „ТРОФЕЈ“ ВО РАЧЕТО

Жена од Виетнам останала бремена иако имала веќе ставено спирала. Спиралата, која е еден вид на контрацепција ја користат повеќе од 150 милиони жени во светот. Но секако со секоја контрацепција ќе постојат и пропусти, како што и се случи на 34-годишна мајка од Виетнам, која родила дете иако имала веќе ставена спирала. А откако го родила имала што да види. Спиралата се прилепила за лицето на бебето кое ја држело во рака.

Оваа жена не знаела дека е бремена откако не почнал да и расте стомакот, но сосема заборавила на спиралата.

Таа спиралата ја ставила пред две години, како еден вид на контрацепција. Детето е родено во „Хаи Понг Интернашнал“ во Виетнам и тоа и е трето дете. Детето е родено во потполно здрава состојба, а во рачето ја имало спиралата.

На фотографијата се гледа спиралата, кое може да се нарече како сувенир од мајчината утроба кој малото го донело на светот.

Спиралата е еден од најдобрите методи на заштита од бременост и го практикуваат многу жени. Сепак ова бебе премногу сакало да пристигне на светот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата