Купил напуштен контејнер за 1.600 евра, па открил богатство: Среќа што сѐ снимив, не ми веруваа (ВИДЕО)

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Купил напуштен контејнер за 1.600 евра, па открил богатство: Среќа што сѐ снимив, не ми веруваа (ВИДЕО)

Иако не знаел што има внатре, се покажало дека ризикот се исплатил, објавува Дејли Стар.

Години работење

Контејнерот со димензии 3x6 метри криел вистинско богатство - околу 1.000 ретки Покемон картички, ретро конзоли (PlayStation, Xbox и Nintendo 64), како и бројни видео игри.

Вејд, кој со години професионално препродава предмети од напуштени магацини, веднаш се фатил за работа.

Само со продажба на некои од Покемон картичките, тој заработил повеќе од 4.900 евра, што значи дека веќе бил во плус околу 3.300 евра. Проценките велат дека вкупната вредност на складираните предмети би можела да достигне импресивни 68.000 евра!

Магацин полн со картички

Вејд испратил дел од картичките на проценка, што би можело дополнително да ја зголеми нивната вредност. Тој е познат на социјалните мрежи под името @wadesventures, а неговите видеа редовно го привлекуваат вниманието на публиката.

„Покемон картичките се во исклучително добра состојба. Моментално имам околу 600. Продадов само пет проценти од содржината на контејнерот на платформата WhatNots и веќе заработив пари“, рече Вејд.

Тој се занимава со купување напуштени контејнери речиси десет години и проценува дека досега препродал околу 2.000 единици и заработил милиони.

Планови за оваа година

Сепак, почетокот не бил лесен - првиот контејнер што го купил бил целосен неуспех. Сепак, третиот бил полн со облека од Најк во вредност од 68.000 евра, што му даде „ветар во грб“ да продолжи во потрага по богатство.

Заедно со неговата сопруга Ешли (38), која му се придружила во бизнисот, тој планира да ја надмине границата од милион долари оваа година.

„Магацинот со Покемон картички беше само на пет минути од мојата куќа. Имав неверојатна среќа“, додаде Вејд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата