Цариниците шокирани- жена се обидела да прошверцува питони во градникот (ВИДЕО)

29.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цариниците шокирани- жена се обидела да прошверцува питони во градникот (ВИДЕО)

Забележале жена која изгледала нервозно и вознемирено, и иако тврдела дека нема што да пријави, властите се сомневале во нејзините зборови.

Спакувани во чорапи

По претресот, нивните сомневања биле потврдени, бидејќи младенчиња питони од загрозен вид биле пронајдени во градникот на жената!

Објавеното видео ги прикажува змиите како се спакувани во чорапи, потоа во градник, а службениците ги ослободиле и ги ставиле на маса, објавува Метро.

Жената била однесена на испрашување, каде наводно признала дека имала намера да ги продаде змиите во Кина. Влекачите биле конфискувани, а истрагата продолжува.

Заштитен вид

Поседувањето на овој вид питон како домашно милениче е забрането, бидејќи е заштитен вид.

Властите велат дека ова не е изолиран инцидент, бидејќи жените веќе некое време се обидуваат да шверцуваат животни на слични начини. На пример, минатата недела на меѓународниот аеродром во Мајами, една жена била фатена со две желки скриени во градникот. За жал, една од желките умрела од стрес.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата