Според Хуаихуа Дејли, пациентот пристигнал видливо блед, потејќи се и жалејќи се на проблеми со стомакот.
Јагула во стомакот!
Докторите направиле КТ скенирање на абдоменот и откриле „туѓо тело“ кое, очигледно, навлегло во стомакот и завршило во абдоминалната празнина.
Стомакот на несреќниот човек бил многу тврд, па лекарите се сомневале на потенцијално фатален перитонитис. Поради сериозноста на ситуацијата, било одлучено веднаш да се изврши лапароскопија.
Сепак, она што го откриле за време на операцијата го шокирало целиот тим - жива јагула пливала во абдоминалната празнина!
Doctor in China removes 30cm live eel from man’s intestine after he complained about abdominal pain
— MustShareNews (@MustShareNews) July 4, 2025
👉 https://t.co/LJxyNjmPTi pic.twitter.com/N5wiC5jZ6K
Успешно закрепнување
За време на операцијата, било откриено дека суштеството пробило низ цревата и влегло во абдоминалната празнина, создавајќи ризик од внатрешна инфекција, објавува Oddity Central.
Хирургот успеал да ја фати и отстрани јагулата со помош на специјален инструмент, а потоа ја исплакнал абдоминалната празнина со физиолошки раствор за да го намали ризикот од ширење на инфекцијата.
Човекот успешно се опоравил по операцијата и набрзо бил отпуштен од болница. Што се случило со јагулата останува непознато.
Несоодветни коментари
Патем, јагулите се водни животни кои живеат во калливи подрачја, како и во езера, канали и потоци. Тие се познати по својата способност да ползат низ мека почва и, како што се испоставило, лесно можат да навлезат во човечките црева.
Иако лекарите не сакаа да коментираат како јагулата влегла во телото, корисниците на интернет ги искажаа своите мислења.
„Сите знаеме како влегла“, напиша еден корисник, додека друг иронично додаде: „Седнал на неа - случајно“.