Квас од цвекло е уште еден чудотворен напиток од руската народна медицина. Русите го сметаат најдобар лек за зголемен крвен притисок, кој воедно го чисти црниот дроб и крвните садови од маснотии, со што го забрзува губењето на килограмите.
Квасот е напивка со слаткокиселест вкус, а Русите го викаат пробиотик, бидејќи е преполн со хранливи материи кои ја регулираат работата на органите за варење. Се подготвува многу лесно , но не се пие така често. Вотек на денот се пијат три-четири лажици пред јадење, а кога квасот ќе се испие, се прави пауза од три месеци. После тоа, напитокот се прави двапати во тек на годината.
Квасот настанува во процес на ферментација и се прави од ржан леб или квасец, вода и суво грозје со додавање на цвекло.
Дека е прифатен како лек во Русија, зборува и податокот дека редовно се користи во болници ширум зенјата.
Руските лекари советуваат, доколку имате проблем со бубрези и низок притисок, одбегнувајте го овој напиток, бидејќи може да помрднат камчиња во бубрег и дополнително да го намалат крвниот притисок.
Ресепт за црвен квас.
Потребно е: 700 гр. цвекло, две лажици ржан леб или коцка квасец, 200 гр. мед или шеќер, 100 грама суво грозје.
Подготовка:
Цвеклото добро измиено исечете го на парчиња и наредете го во тегла од три литри. Додадете го лебот, медот и сувото грозје, и сето тоа залеете го со провриена вода која е изладена и сето тоа добро промешајте. Ставете капак и оставете ја теглата на топло место околу шест дена да ферментира содржината. Секој ден двапати дневно промашувајте ја содржината со што ја тргате пената ако е потребно.
После шест дена процедете го квасот низ чиста газа, а напивката чувајте ја во фрижидер.