Улиците низ Македонија, особено низ Скопје се преполни со деца кои просат за пари, а јавна тајна е дека тоа е бизнис во кој потоа тие кои ги праќаат им ги одземаат парите.

И колку и да се прекинува тој синџир, никако да му дојде крајот. Нив повторно ги има по улиците.

МВР соопшти дека таква група добиле кривични пријави, односно осум лица кои ги принудувале децата да просат.

– СВР скопје поднесе кривични пријави против В.И.(37), Д.Т.(31), Б.Б.(23), Р.Б.(49), А.М.(37), Н.Ј.(34), Ф.М.(38) и Л.М.(35), сите од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени шест кривични дела „запуштање и малтретирање на дете“. На 23.12.2020, 04.02.2021 и во три случаи на 09.02.2021, на бул.„Св. Климент Охридски“, бул.„Партизански одреди“ и бул.„Крсте Мисирков“, децата на пријавените биле затекнати како питачат, соопшти МВР