ФБИ го отвори досието на Бред Пит: “Се однесуваше како чудовиште, го навредуваше синот“

20.08.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФБИ го отвори досието на Бред Пит: “Се однесуваше како чудовиште, го навредуваше синот“

Како што пишува Дејли Мејл, Анџелина поднела жалба против ФБИ под лажното име Џејн До (име на жена чиј идентитет не е соопштен), бидејќи агентите на американската разузнавачка служба одбиле целосно да го истражат нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит поради инцидент што се случил во приватен авион во 2016 година.

Актерката побарала објавување на документи кои ги поседува ФБИ потпирајќи се на Законот за слобода на информации, а тоа барање го поднела пред 4 месеци, во април.

Да потсетиме, во извештај од 2016 година беше констатирано дека Бред Пит физички не ги малтретирал своите деца. Само четири дена подоцна, Анџелина Џоли поднесе барање за развод.

Бред и Џоли беа во брак 11 години, а нивната битка за деца продолжува и денес.

Анџелина Џоли и Бред Пит, кои не се заедно од 2016 година, имаат шест деца: синовите Медокс (21) и Пакс (18), ќерките Шајло (16), Захара (17) и близнаците Нокс и Вивиен (14). Анџелина има целосно старателство над децата од мај минатата година, но судијата од Калифорнија додели заедничко старателство повеќе од четири и пол години по почетокот на постапката.

Во јули, судија на Врховниот суд во Лос Анџелес беше отстранет од случајот поради загриженост дека бил пристрасен затоа што не успеал целосно да ги открие своите деловни зделки со адвокатите на Бред Пит.

Овој настан доведе до промена на одлуката за старателство, а беа вратени претходно договорените услови од ноември 2018 година, според кои Анџелина Џоли има целосно старателство, додека на актерот му е дозволено одредено време на старателство.

Како што пренесуваат странските медиуми, извори блиски до Анџелина Џоли веруваат дека актерката поднела тужба против ФБИ со цел да го привлече вниманието на јавноста за обвинувањата против Бред Пит, тврдејќи дека бараните информации ги имала со години, пишува TMZ.

Актерот беше ослободен во 2016 година, бидејќи „немаше ни трошка доказ“ за да се поддржат тврдењата на Анџелина Џоли, изјави информиран извор.

Бред Пит, наводно, ѝ рекол на Анџелина Џоли дека едно од нејзините деца (Медокс) „изгледа како детенцето од Колумбина“.

Наводно и рекол на поранешната сопруга дека таа е таа што им го уништила семејството. Двојката се расправала во нивниот приватен авион, наводно открива извештајот на ФБИ.

Инаку, навредата упатена до Медокс е поврзана со алузијата на масакрот во средното училиште Колумбајн во 1999 година, кога учениците Ерик Харис и Дилан Клеболд убија дванаесет деца и еден наставник.

Наодите тврдат дека Бред Пит и се заканувал на Анџелина Џоли и нивните деца на лет од Франција до Лос Анџелес на 14 септември 2016 година.

Актерката тогаш наводно претрпела повреди кои подоцна му ги открила на агент, додека Пит негира дека ја нападнал Џоли. Актерката додала и дека во текот на летот имало тензија, и дека се чувствувала како заложник на Бред.

Бред Пит наводно ја грабнал Анџелина Џоли и ја турнал до ѕид, а потоа удрил во таванот на авионот и направил дупка.

Кога едно од нивните деца почнало да пцуе, Анџелина се нафрлила врз него за да го спречи физички да го нападне детето.

Како што опишува Анџелина, Бред се однесувал како чудовиште и постојано се жалел на нивните деца. Таа исто така додала дека нејзиното семејство е во шок и не знае што да прави.

Фото: Шутер

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата