КРВАВА ПРЕСТРЕЛКА кај Белград

ЕСКОБАР од Никшиќ УБИЕН на бензинска! Две маскирани лица влетале во кафулето и почнале да пукаат

9.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕСКОБАР од Никшиќ УБИЕН на бензинска! Две маскирани лица влетале во кафулето и почнале да пукаат

Во престрелка што се случила утрово околу 11 часот во кафуле на бензинска пумпа во Рушањ, приградска населба кај Белград, убиен е маж. Според првичните информации, станува збор за Ранко Р., кој и претходно и бил познат на полицијата.

Имено, како што пишуваат медиумите во соседството, во Рушањ е убиен Ранко Р. викан Ескобар, член на наводната криминална група од Никшиќ.

Кон него пукале двајца маскирани напаѓачи кои упаднале во објектот и испукале проектил во правец на човекот кој бил погоден. Истрагата е во тек. Смртно ранетиот маж (54) на лице место им подлегнал на повредите.

На сила е акцијата Вихор

Веднаш по пукањето, полицијата ја започнала операцијата „Вихор“, потрага по напаѓачите, а постојат сомнежи дека запалениот автомобил, кој бил пронајден недалеку од таму – на Петлово Брдо, е поврзан со пукањето во Рушањ.

Кој е Ескобар?

Радошевиќ (54), познат како Ескобар, инаку починал на лице место, а телото се уште е во кафулето на пумпата „Кнез петрол“. Тој на црногорската полиција и бил познат како припадник на никшиќката криминална група, а наводно бил тесно поврзан и со бежанискиот клан на Горан Мијатовиќ, кој е убиен во Белград. Се бавел со шверц на кокаин и сканк.  Бил поврзуван и со Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, кога кај нив е пронајден автомобил на негово име.

Една чаура била пронајдена пред влезот во кафулето, на патот. На местото на настанот се очевидци, работниците на бензинска пумпа, како и гостите во кафулето, голем број полициски и форензички екипи.

Местото на злосторството е дополнително проширено, така што никој не може да се приближи до пумпата, а дополнително е зајакната безбедноста на местото на настанот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата