Од 16 до 18 мај во Ниш ќе се одржи голем народен собир, обраќање ќе има претседателот Вучиќ

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од 16 до 18 мај во Ниш ќе се одржи голем народен собир, обраќање ќе има претседателот Вучиќ

На собирот ќе се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ќе присуствуваат и гости од странство. Датумите ги потврди самиот Вучиќ, кој рече дека потоа ќе им се обрати на „мнозинството граѓани, пристојни луѓе“.

„Очекувам дека ќе имаме пријатели од странство, кои ни се идеолошки блиски, и кои ќе се приклучат на тој собир“, рече тој.

„Потоа ќе продолжиме за Крагуевац, Нови Сад, сите места каде што насилниците и бандитите ни забранија да дојдеме“.

Порталот „Нишке новине“ пред два дена објави дека „се објавуваат реклами“ за 17 мај во Ниш, за собирот - „Мирно, достоинствено, обединето“.

Александар Вучиќ, во гостување на ТВ Пинк пред неколку дена, исто така рече дека најголемиот број кандидати за Движењето за народот и државата, доаѓаат од Ниш, пропорционално на бројот на жители.

Првиот собир на тоа Движење, кое најверојатно е официјален организатор кој го доставува извештајот за собирот до полицијата, се одржа во Белград на 12 април, јавија белградски медиуми. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата