Британски свингери се снимаат на хрватско приморје: „Само што отидовме на свингерска забава“

2.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британски свингери се снимаат на хрватско приморје: „Само што отидовме на свингерска забава“

Свингерски пар пристигна во Хрватска од Англија, а нивното видео од јадранското крајбрежје стана вирално. Имено, краткото видео го погледнале 1,9 милиони луѓе.

– Среќни свингери во Хрватска, на одмор сме – напишаа Самер и Марк со видеото објавено на Тик Ток.

Во видеото, парот е на балконот на хотел во близина на плажата, а се облечени во костими за капење. Иако не открија каде точно се наоѓаат во Хрватска, парот сними видео како одат на свингерска забава.

– Во брак сме 23 години и сакаме да се луламе. Споделувањето партнери е нашата страст – напишаа во описот на едно од видеата.

Палавата двојка на Тик Ток ја следат речиси 40 илјади луѓе, а често споделуваат видеа каде се среќаваат со други свингери. Сопружниците се изненадуваат со нови партнери, но следбениците во коментарите не се ентузијасти.

-Не ми се верува дека некој пар живее така за тие години, многу чудно и мрзливо – напишале едни, додека други ги поддржуваат во изборот.

-Можат да прават што сакаат, никому не повредуваат со ваков живот – заклучува еден следбеник во коментарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата