Видео: Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот

23.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот

На Авала паѓаше град со големина на лешник.

Сообраќајот низ центарот на градот е исклучително отежнат - голем број автомобили и автобуси на градскиот превоз се заглавени, блокирани се возила на Итната медицинска помош како и на полицијата.

Големи колони возила се на правец кон Нов Белград како и преку Бранков мост кон центарот на градот. 

Невремето погоди неколку места во околината на Белград.

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) на Србија околу 15 часот издаде вонредно предупредување дека е пуштен во употреба системот за испраќање итни СМС информации до граѓаните, за невреме со дожд, град и силен ветер. РХМЗ на Србија соопшти дека невремето се движи кон јужниот-југоисточниот дел од државата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата