Вечер дознава: Не е запленет ЕДЕН ТОН туку е ЕДЕН КИЛОГРАМ кокаин во Крушопек

19.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вечер дознава: Не е запленет ЕДЕН ТОН туку е ЕДЕН КИЛОГРАМ кокаин во Крушопек

TV 21 објави дека во скопското село Крушопек запленет е кокаин, и според таа вест неофицијални извори за ТВ21 велат дека се работи за околу еден тон. Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Информацијата е точна само делумно. Имено, постои таква полициска акција во Крушопек а кај фмилија која формално се занимава со трговија на банани најдени се околу ЕДЕН КИЛОМГРАМ кокаин, а не еден тон. Еден тон кокаин е запленет во Италија, а се претпоставува дека луѓето до Крушопек се дел од таа дилерска група.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата