Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во првиот меч со Вулверхемптон не упатија ниту еден шут на голот?! Тоа против англиски клуб не им се случило уште од јануари 2015. и доволно зборува за тоа колку „црвените ѓаволи“ се далеку од онаа моќна екипа која речиси три децении  ја водеше сер Алекс Фергусон. Момците на Оле Гунар Солскјер во меѓувреме го изгубија првиот дуел од Лига купот од Манчестер Сити, но на „граѓаните“ барем успеаја да им дадат гол, па донекаде го поправија впечатокот со убедливиот триумф над Норич (4:0), но во ваков густ распоред (реваншот со Сити на програмата е на 29 јануари) најмалку што им е потребно е повторен меч со Вулверхемптон.

АНГЛИЈА – ФА КУП
(3.коло, повторен натпревар)

МАН. ЈУНАЈТЕД – ВУЛВЕРХЕМПТОН
Среда, 20.45
Шифра: 2057

Наши предлози
КТ           1              2,00
ВГ           2-3          1,95
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК

На „волците“ сезоната им почна во јули, со квалификациите за Лига Европа, а изборија и европска пролет, па ни тие не се пресреќни поради повторениот дуел. Менаџерот Нуно Еспирито Санто пробува да ја одржи екипата свежжа со чести ротации, па во досегашниот дел од сезоната шанса им даде дури на 26 играчи. Гостите немаат премногу проблеми со повреди – надвор од екипата се Диого Жота, Вили Боли и Морган Гибс-Вајт, а списокот на Солскјер е подолг: Хари Мегваер, Лук Шо и Џеси Лингард би можеле да бидат спремни, за разлика од Маркос Рохо, Аксел Туанзебе, Пол Погба и Скот Мектомини.

Јунајтед нема победа над овој ривал од март 2012. Во меѓувреме во различни натпреварувања три пати одиграле нерешено, а двапати славеле „волците“ (но на свој терен). Сепак, традицијата е на страната на домашните, па ќе се осмелиме да ви препорачаме единица, како и 2-3 гола.