Синоќа за време на средбата од Лигата на Шампионите меѓу Фенербахче и Рома се случи тежок инцидент. Имено беше фрлено шише со вода по тренерот на домашните Исмаил Картал. Тој видно нервозен, иако мечот заврши 1:1, кажа дека си оди од клубот, односно дека си дава оставка.
По сето ова со соопштение искочи самиот клуб, а своја изјава имаше и првиот човек на Фенербахче, Азиз Јилдирим.
“Влегов во соблекувалната и го прашав Картал зошто е тој негов потег, тој ми објасни дека е фрлено шише по него. По ова утврден е идентитетот на тоа лице. Клубот застанува зад Исмаил Картал кој и натаму е наш тренер. Ние не ја прифаќаме оставката“ посочи првиот човек на Фенербахче.
Потоа од клубот објавија дека лицето е уапсено. Од друга страна Исмаил Картал изјавил дека никогаш нема да се врати на клупата на Фенер, останува да се види како ќе се реши оваа ситуација.
İsmail Kartal’a su şişesinin atıldığı an.
📺 A Spor pic.twitter.com/wrre2SEXee
— Fanatik (@fanatikcomtr) September 10, 2026

