Рама официјализирал: Косово е дел од Србија (фото)

19.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рама официјализирал: Косово е дел од Србија (фото)

Албанскиот премиер Еди Рама се нашол под удар на медиумите во Приштина, кога на својот Фејсбук профил објавил видео клип во кој е прикажана мапа на која Косово е како дел од Србија.

Рама е толку многу одушевен од идеата “мини Шенген“ и за нејзино реализирање би можело да се повлече признавањето на независно Косово.

“Премиерот на Албанија, Еди Рама, објавил мапа на која е прикажано Косово во рамка на територијата на Србија“, пренела приштинска Gazeta Expres.

Рама кој на своите следбеници им посакал добро утро на социјалната мрежа Фејсбук, поставил видео клип кој покажува мапа на работа и вложувања во обезбедување на 24 часовно снабдување со вода во руралните области од “север до југ“ на Албанија.

Меѓутоа, она што предизвикало проблем и паника во Приштина било што територијата на Косово ставена е во внатрешноста на Србија.

Рама кога ја видел реакцијата на Приштина на објавената мапа пуштил друга снимка на која е направена интервенција, со што целата мапа на државата со кои Албанија се граничи на североисток, неможела да се види.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата