Вучиќ: Ќе има илјадници тужби против училишта и наставнбици, ангажирани се адвокатски тимови

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Ќе има илјадници тужби против училишта и наставнбици, ангажирани се адвокатски тимови

„Сега однапред ви кажувам - ќе имате илјадници тужби против училиштата, наставниците во училиштата. Видов дека се ангажираат големи, важни правни тимови за да го направат тоа. А сега родителите ќе контактираат адвокати и бараат пари затоа што не го научиле нивното дете. Да, треба да добијат пари и да добијат некаков морален и материјален надомест. Што ќе правиме тогаш? Кој ќе плати за тоа“, изјави Вучиќ,пренесе Телеграф.

Тој рече дека во градските средини наставниците не им кажувале на родителите дека можат да ги испратат децата на училиште, туку дека самите наставници чекале инспекцијата да каже дека нема ученици во училиште.

„Како и да гледате, како што е секогаш случај на универзитетите, виновни се професорите. Само имајте го тоа на ум. Без нив е невозможно да се спроведе во пракса“, оцени Вучиќ, додавајќи дека е срамота бидејќи овие луѓе земаат огромни плати.

Зборувајќи за денешната седница на собраниската Комисија за образование на која единствена точка на дневен ред била блокадата на факултетите, Вучиќ рече дека уште во декември сакал да се исполнат сите барања на студентите и излего во јавноста со тој став, но потоа сфатил дека тоа никој не сакал да го слушне.

„Многу луѓе мислеа дека тоа е можност да се изврши обоена револуција“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека за неговите политички противници е изненадувачки што генералниот директор за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, „јасно им ставил до знаење“ дека нема да се случи насилна промена на власта и дека владата јасно им кажала на Европејците дека во Србија „сѐ е можно“, но државата ќе реагира на насилство.

„Кога ќе почнете да употребувате насилство, вклучително и блокирање на автопатишта, тепање и малтретирање луѓе, провалување во институции, тогаш државата ќе реагира. Исто како што реагираше пред некој ден во Нови Сад, каде што ги избркавме“, рече Вучиќ.

Тој рече и дека нема да коментира што направил спортскиот коментатор Смиљан Бањац, кој мечот на Новак Ѓоковиќ го искористил за политички коментар за протестите, бидејќи тој е човекот што ги водел протестите.

Вучиќ одговори на новинарско прашање за да го коментира она што го кажал Бањац за време на мечот на Ѓоковиќ со Карлос Алкараз, велејќи дека Ѓоковиќ е „професор по тенис на теренот“, додека „останатите професори заедно со студентите се на улиците на Белград - каде што не треба да бидат“.

„Не го следев тоа, но ако зборуваш за тој Смиљан Бањац, тој не е од вчера. Мислам дека нема потреба да го коментирам тоа, тој е по налог на Ѓилас, тој ги водеше нивните протести, ако е тоа така, што е тогаш чудно?.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата