Двајца малолетници запалиле душеци во училишна спортска сала

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца малолетници запалиле душеци во училишна спортска сала

Вчера во 13: 28 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека настанал пожар во малата спортска сала од основно училиште. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита излегла на местото, но немало потреба од интервенција, бидејќи пожарот веќе бил изгаснат.

Според пријавеното, на местото биле затекнти двајца 11- годишни малолетници, кои признале дека се обиделе да запалат два душека за вежбање во салата, а потоа со вода го изгаснале огнот. Увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата