Отпуштен поради алкохол, вратен затоа што бил од салата

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отпуштен поради алкохол, вратен затоа што бил од салата

Педесет и деветгодишниот Данијел од Загорје, кој бил разводник во Хрватски железници, добил отказ бидејќи на работа на Главната станица во Загреб дувал алкохол од 0,18 промили, јавуваат хрватските медиуми.

Тоа е работа со голема одговорност и нулта толеранција за алкохол.

Тој беше автоматски отпуштен во јули минатата година, но тој ја обжали одлуката, па судот во вторникот донесе одлука дека мора да биде вратен на функцијата. Додуша, пресудата е неправосилна и Железниците можат да се жалат на истата.

Данијел од околината на Ѓурманц се занимава со оваа работа веќе 28 години и вели дека при редовните контроли никогаш не дувал или пијан.

Тој додава дека таа вечер на законски начин не му било утврдено нивото на интоксикација, пишува порталот Даница.хр.

„Всушност, по Дрегер алкотест, присуството на алкохол може да се утврди само со земање крв или урина, што не е направено. Не пијам алкохол бидејќи имам здравствени проблеми, а таа вечер јадев салата зачинета со алкохолен оцет“, изјави тој пред судот.

Сообраќајниот инструктор Фуад сведочеше дека на 10 јули минатата година, околу 45 минути по полноќ, проверил присуство на алкохол во телото на Данијел.

„За ова составив извештај, според кој, со гледање на алкотестот, во телото на Даниел е прочитана вредност од 0,18 промили алкохол. Без приговори го потпиша“, нагласи Фуад.

Данијел се уште се сеќава дека таа вечер јадел оброк со салата во која веројатно имало алкохолен оцет, а и самиот бил изненаден кога апаратот покажал 0,18 промили. Дополнително, тој вели дека не бил запознаен со Одлуката на ХЖ за нулта толеранција на алкохол.

Против автоматскиот отказ се спротивстави и синдикатот, кој одби да даде согласност на работодавачот. Судијата во Златар конечно ја прифати тужбата на Даниел во средата и им нареди на ХЖ да го вратат на работа и да му платат 500 евра трошоци.

Фото: Илустрација, профи

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата