Мадона ги открива петте домашни правила, што мора да ги почитуваат нејзините деца

24.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мадона ги открива петте домашни правила, што мора да ги почитуваат нејзините деца

64-годишната пејачка на својот Instagram Story објави фотографија на која е испишана табла со пет куќни правила.

Првото правило е „насмевка“, потоа „биди среќен“, „слушај ги другите“, „зборувај љубезно“ и на крајот „биди среќен со тоа што го имаш“.

Мадона е мајка на шест деца, и тоа Лурд Леон (26), Роко Ричи (22), Дејвид Банд Чиконе (17), Мерси Џејмс Чиконе (16) и 10-годишните близнаци Естер и Стела Чиконе.

Во јануари оваа година таа зборуваше за тешкотиите на кои наишла во воспитувањето. Таа изјави за Vanity Fair дека е свесна дека „да растеш со мајка како неа е предизвик“.

„Дури и денес се борам да сфатам како да бидам мајка и да ја работам својата работа. Да имаш и да воспитуваш деца е уметничко дело. Никој не ти дава прирачник за мајчинство. Мораш да учиш од своите грешки. Тоа е професија која бара многу напор. И тоа е исцрпувачки бидејќи никогаш нема одмор“, додаде таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата