Судот во Индија денеска го прогласи опозицискиот лидер Рахул Ганди за виновен за клевета и го осуди на две години затвор за говор што го одржа во 2019 година во кој рече дека крадците се презиваат Моди, што е презиме на индискиот премиер.
Ганди, висок лидер на Конгресната партија и потомок на политичката династија Нехру-Ганди, ќе поднесе жалба на пресудата пред повисокиот суд, соопшти неговата партија.
Пресудата ја донесе судот во градот Сурат, кој се наоѓа во Гуџарат, родната држава на премиерот Нарендра Моди.
Советникот на федералната влада, Канчан Гупта, рече дека Ганди, член на Долниот дом на Парламентот, по пресудата може да се соочи со моментална дисквалификација како член на Парламентот.