Уапсен познат српски хирург: На сопругата ѝ скршил четири ребра, ја давел со сајла и уринирал врз неа

2.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уапсен познат српски хирург: На сопругата ѝ скршил четири ребра, ја давел со сајла и уринирал врз неа

Познат доктор од Воено-медицинската академија во Белград на возраст од 48 години утре ќе биде спроведен на распит во основно јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека е сторител на семејно насилство, потврдија за „Новости“ од оваа институција.

Познатиот доктор, хирург од Академијата за медицински науки е приведен поради сомнение дека извршил семејно насилство, односно брутално ја претепал сопругата и ѝ нанел тешки физички повреди. Ѝ скршил четири ребра, таа се здобила и со скршеница на надлактицата, како и со бројни хематоми (модринки).

Според првичните информации, жената подолго време била жртва на психичка и физичка тортура. Но, таа најпрвин кажала дека со нејзиниот сопруг само се расправале.

Но, на крајот сепак призна дека трпела насилство, смртни закани и тепање, а сопругот долго време ја малтретирал, уринирал врз неа, па дури и ја давел со сајла.

На лекарот веднаш му бил одземен пиштолот што го поседувал.

Се уште не е позната причината за нападот, но неофицијално се наведува дека е љубомора.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата