Има седум докторати и седум деца, АМА И ЕДНА ОД НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНИТЕ – Ова е сопругата на шеикот од Катар

22.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има седум докторати и седум деца, АМА И ЕДНА ОД НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНИТЕ – Ова е сопругата на шеикот од Катар

Сопругата на катарскиот шеик Хамад Калифа Ал Тани, Моза бин Насер важи за една од најдобро облечените жени во светот.

Покрај инстант моден вкус, таа има и завидно образование, а нејзината ангажирана работа во областа на образованието доведе до тоа оваа жена да има седум почесни докторати, пренесуваат медиумите.

Моза (63) се омажила на 18 години и тогаш, во 1977 година, била студентка на Универзитетот во Катар, а титулата дипломиран социолог ја добила девет години по бракот.

Станувајќи втора сопруга на Шеикот, таа стана и прва дама на Катар и редовно го придружува својот сопруг на службени патувања низ светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ara Trends (@fashion_trend_tipss)

Во фустан од Прада присуствуваше на отворањето на Светското првенство во фудбал, посакувајќи им на сите среќа и успех.

Дека Моза ги поместува границите на модата во арапскиот свет сведочи и нејзиниот прием во Меѓународната куќа на најдобро облечените жени во светот во 2015 година.

Нејзиниот стил се карактеризира со елегантни турбани како алтернатива на хиџабот, па со текот на времето тие станаа нејзин заштитен знак, проследени со интензивни бои, беспрекорна елеганција и скапи брендови како Шанел, Диор, Гучи и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Arabia (@voguearabia)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата