ТУНА ИЛИ САРДИНИ, КОЈА Е ПОЗДРАВА? Нутриционист открива што треба да знаете за конзервирана риба!

16.11.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТУНА ИЛИ САРДИНИ, КОЈА Е ПОЗДРАВА? Нутриционист открива што треба да знаете за конзервирана риба!

Туната содржи повеќе жива, сардините повеќе сол, а на крајот, нутриционистката Марија Ѓурковиќ истакнува дека навистина не е важно која риба ќе ја изберете.

Дури и ако не сте голем љубител на рибата, многу нутриционисти советуваат одвреме-навреме да ја вклучите во исхраната.

Секако најбрзиот и најлесниот начин е да се консумираат туна и сардини, а дали некогаш сте се запрашале што е всушност поздраво.

Одговорот на ова прашање го дава нутриционистката Марија Ѓурковиќ:

– Кога ги споредуваме предностите и недостатоците на едниот и на другиот вид конзервирана риба, мора да забележиме дека нутритивните предности се повеќе на страната на сардината, а низ прсти можеме да ги прогледаме и нејзините недостатоци.
Помеѓу штетите од повеќе сол и жива, нема сомнеж дека живата е многу поопасна по здравјето, но конзервираната туна може да ни наштети само ако е во нашата исхрана повеќе отколку што треба. Чувствителните групи (бремени жени, доилки и деца) треба да ги ограничат и туната и сардината не повеќе од два пати неделно, додека други можат да ги најдат во нивната исхрана малку почесто.

Живата е вечен камен на сопнување кога станува збор за исклучително здрава морска риба. Тоа е тежок метал кој е присутен во рибите поради загадувањето на мориата и океаните, а бидејќи туната се храни со други мали риби кои исто така се полни со овој метал, таа има поголема концентрација на жива.

И на крајот од оваа приказна која може да ве загрижи, една утешна информација за сите нас кои сме љубители на туна. Во нашето мени свежата туна е вистинска реткост, а таа е најзагадена со жива, бидејќи е поголема риба. По правило, помалите и помладите завршуваат во лименката, а да не зборуваме за бебешка туна, која сè уште не е загадена во поголема мера – вели Марија и го открива следново:
Конзервирана туна
• Една лименка туна во саламура содржи 22 g протеини.
• Одличен извор е на омега-3 масни киселини.
• Една порција туна содржи околу 75mg витамин К, што е извонредно!
• Една лименка туна содржи до 10 пати повеќе жива од сардината.
Конзервирани сардини
• Една лименка сардина содржи 25гр протеини.
• Одличен извор е на омега-3 масни киселини.
• Содржи повеќе витамини Е и Д и калциум од туната.
• Содржи поголеми количини сол.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата