Утрово околу 4 часот била фрлена бомба на фризерски салон на улицата Браничевска, во Белград при што е причинета поголема материјална штета. Сопственикот на зградата моментално е во полиција.
На видеото се гледа како маж со сива качулка на главата крши прозорец со чекан и фрла бомба. По што бега.
Сопственикот на салонот Мињовиж тврди дека „нема непријатели и не ја знае причината за нападот“. Полицијата се обидува да го идентификува напаѓачот.
– Тој има сопруга и две деца. Таа само плаче, се плашат за својата безбедност. Никола, сопственикот сега е во полиција – рече работничката.
Мињовиќ вели дека утрово му се јавил претседателот на куќниот совет на зградата во која се наоѓа неговиот салон, по што веднаш дошол. Кој би можел да биде и кој е мотивот за сето ова, вели дека не знае.
Тој вели дека очекува полицијата да открие кој стои зад ова. Тој рече и дека на снимките од надзорните камери се гледа како едно лице доаѓа од правец на Храмот, го крши стаклото од салонот и вметнува експлозивна направа, но дека лицето не му се гледа.