Рибата е здрава, но само 300 грама неделно

15.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рибата е здрава, но само 300 грама неделно

Рибата се смета за една од најздравите намирници, богата со омега-3 масни киселини, витамин Д и селен. Велат дека тоа е храна на стогодишници.

Некои од најздравите риби за јадење се дивиот лосос, сардини, харинга, пастрмка, скуша, аншоа и бакалар. Експертите препорачуваат неделната порција да биде 300 грама риба или морска храна.

„Траги од жива има кај сите видови риби и школки. Иако нема да влијае на вашето здравје во мали количини, тој е отровен во поголеми количини. Изложеноста на метил жива е поврзана со задоцнет невролошки развој, губење на периферниот вид, недостаток на мобилност или координација, нарушувања на говорот и мускулна слабост“, вели нутриционистот и диететичар д-р Фелисија Столер, пренесува порталот Хајат.

Некои од видовите риби кои имаат поголем процент на жива во себе се ајкула, сабјарка, кралска скуша и туна.

Фото: Freepik

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата