Видео: Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

25.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Делови од ракетата „SpaceX Falcon 9“ на милијардерот Илон Маск неконтролирано влегоа во атмосферата на Земјата пред шест дена, предизвикувајќи спектакуларен светлосен феномен видлив низ Европа пред фрагментите да се урнат на земјата на неколку локации низ Полска.

Деловите припаѓаат од втората фаза на ракетата Фалкон 9, која беше лансирана на 1 февруари од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, носејќи нов сет на сателити Старлинк.

Втората етапа на ракетата, тешка околу четири тони, не успеа да ја заврши планираната деорбита, што резултираше со нејзино неконтролирано влегување во атмосферата над Полска помеѓу 4:46 и 4:48 часот по локално време.

Сведоци од Велика Британија, Холандија, Германија, Данска и Полска изјавија дека виделе светли огнени топки кои полека се распаѓаат на небото, а многумина ја споделија снимката на социјалните мрежи.

На социјалната мрежа Х е објавено и видео од надзорна камера на кое очигледно се гледа моментот кога паднал дел од „Falcon 9“.

Во складиштето на Адам Боруцки во Коморники, во близина на Познањ, откриен е голем објект „како резервоар“ (димензии приближно 1,5 x 1 m).

Друг идентичен контејнер е пронајден во шума во близина на селото Вири, на околу 30 километри. Дополнителни фрагменти се пронајдени во градовите Шливно и Самотули, северозападно од Познан.

Експертите ги идентификуваа објектите како композитни садови под притисок (COPVs) од горната фаза на Фалкон 9, астрономот од Харвард Џонатан Мекдауел потврди дека пронајдениот сад „има вистинска големина и форма за садовите COPV што се користат во горната фаза на Фалкон 9“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата