Ова, некако, особено важи за просторот под мијалникот, кој станува „шкафче за сѐ и сешто“ во многу домаќинства.
Иако тоа може да изгледа практично, просторот под мијалникот не е погоден за складирање на сите видови предмети во кујната. Силните средства за чистење најдобро и најбезбедно е да се чуваат подалеку од дофат на деца, а не така ниско во кујната. И запаливите производи, како што се бои и лакови, не треба да се чуваат под мијалникот, бидејќи претставуваат опасност од пожар.
И хартиените крпи во ова шкафче може да станат влажни и валкани. Важно е, исто така, да не се чува храна под мијалникот... Тука се има предвид и храната за домашни миленици, бидејќи местото подложно на влага може да придонесе за појава на мувла. Истото важи и за садовите - најдобро се чуваат на суво и чисто место.
Избегнувајте и складирање светилки под мијалникот, бидејќи истекување вода може да ги оштети електричните делови.
Просторот под мијалникот, обично, е погоден за чување на основните средства за чистење, како што се течности за миење садови, стакло и за работните површини, како и сунѓери и четки. Сепак, овие предмети треба редовно да се менуваат за да се избегне таложење нечистотија и бактерии. Во ова шкафче се препорачува и заштитна подлога за спречување мувла, заради превенција во случај на појава на вода и слично.