Кралицата Камила цел живот одбива една работа: „Никој нема да ме присилува, нема да се осквернам“

10.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кралицата Камила цел живот одбива една работа: „Никој нема да ме присилува, нема да се осквернам“

Иако е љубител на накит, кралицата Камила никогаш во животот не сакала да си ги дупне ушите и носи само обетки со спојка кои само се ставаат на увото.

“Сигурно нема да си ги дупнам ушите, никој нема да ме присили да го направам тоа. До сега го одбивав и сè уште го одбивам, сигурно нема да се предомислам сега на 75 години”, изјави неодамна таа.

Според странските медиуми, Камила наводно верува дека со овој чин ќе го „сквернави човечкото тело“.

Сепак, принцезата Кејт и Меган Маркл, па дури и покојната кралица Елизабета, имаа дупнати уши и беа познати како големи обожаватели на класичните обетки.

Фото: профи

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата