Претседателот на Србија Александар Вучиќ и амбасадорот во Вашингтон Марко Ѓуриќ се опуштија во Њујорк пред враќањето на делегацијата во Белград.
“Местово се вика американско бистро и ни понудија фантастичен руски, или како што велат овде, источноевропски боршч, кој веднаш го прифативме како окрепнување пред да се вратиме во Белград“, пишува тој на Инстаграм профилот „budućnostsrbijeav“.
Боршч е руско национално јадење, кое е исто така популарно во Украина, Полска, Романија и Молдавија. Тоа е супа направена од говедско или свинско месо, домати и/или цвекло, кои и ја даваат карактеристичната црвена боја.