СТИГНАЛА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА: Ова е ПРАВАТА вистина за распадот на “Ураганки“

13.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТИГНАЛА ОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА: Ова е ПРАВАТА вистина за распадот на “Ураганки“

Последните денови во медиумите една од горливите теми се секако “Ураганки“, поточно нивното распаѓање. Лавина од коментари се кренеле кога Ксенија Кнежевиќ ги избришала сите фотографии со колешките Сања Вучиќ и Ибана Николиќ, а потоа сите слики кои ги имало на оваа социјална мрежа.

Иако своевремено било соопштено од ПР службата на Ураганки, дека меѓу девојките се било во ред, а Ксенија овој потег го направила од приватни причини. Претпоставките сепак продолжиле, а сега за медиумите се огласил и продуцентот на групата Зоран Милинковиќ, кој истакнал дека во прашање е обична шпекулација и дека до распаѓање на групата може да дојде единствено со споразумен прекин на договорот.

– Во последните неколку месеци една од главните теми во медиумите е дека групата Ураганки се распаѓа без наведени конкретни и вистински причини. Како продуцент на групата и единствен кој одлучува за групата и за (не)распаѓање, би сакал да Ви потврдам официјално. Групата не се распаѓа. Секаде во светот постои природен и неприроден начин на распад на групи, во нашиот случај постои само природен начин.

Секако тоа е крај на договорот спрема одреден датум и споразумен крај на договорот. Поради ова Ве замолувам во иднина да ја имате и оваа информација во предвид. Што се однесува до групата, моментално песните “Чекори“ и “Легален“ одлично се примени кај публиката, а наскоро доаѓаат уште две нови песни. На приватен план кај девојките нема ништо ново – соопштил Милинковиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата