Фото: Елегантната Џенифер Лопез

31.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Елегантната Џенифер Лопез

Кога ќе се спомене Џенифер Лопез, првата асоцијација е спој на гламур, стил и неверојатна харизма.

Една од најстилиризираните дами на светскиот џет-сет тоа уште еднаш го докажа  и покажа на прославата на 67-от роденден на нејзиниот долгогодишен менаџер Бени Медина.

Гламурозниот настан се одржа пред две вечери во еден елитен ресторан во Беверли Хилс, а Џеј Ло го украде целото внимание на присутните со својот моден избор.

За оваа специјална пригода пејачката на хитот „Динеро“ блесна во прекрасен зелен фустан кој зрачи со класична елеганција, но и примеси на драматика што го прави незаборавен.

Долгиот фустан со реси создаваше ефективен, речиси брановиден одраз со секој нејзин чекор. Длабокиот отвор на средината, кој се протегаше високо до ногата, беше клучниот детал на оваа креација, давајќи ѝ допир на смелост и сензуалност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата