Недановски ќе го води Вардар до Нова Година, Вардар нема пари за скапи тренери!

11.12.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Недановски ќе го води Вардар до Нова Година, Вардар нема пари за скапи тренери!

Веселин Вујовиќ и Вардар 1961 спогодбено ја раскинаа соработката, откако македонскиот првак нанижа седум порази во низа во Лигата на шампиони и падна на седмото место на табелата во групата А, кое не води во следната рунда.

Промените на клупата доаѓаат во време кога „црвено-црните“ треба да го задржат лидерското место кое го делат со Е.Пелистер, следниот противник во Супер-лигата.

Во јавноста кружат многу имиња за наследници на Веселин Вујовиќ. Вечерва клубот имал состанок, а Михајло Михајловски, газдата на клубот му посакал среќа на Владо Недановски, кој ја има улогата на помошник веќе со години.

Михајловски не сака да избрзува со тренерското прашање, она што е сигурно дека Вардар нема пари за скапи стратези. Желбата е Давид Дејвис, но прашање е дали тој за љубов кон овој тим ќе дојде за помала плата.

Урош Зорман и Славко Голужа се исто така две имиња кои се споменуваат. Првиот претходно беше близу до клупата, но на крајот не се договри. Голужа би можел да дојде со оглед на тоа дека Татран Прешов е во тешка финансиска состојба, доволна причина да пристигне во Скопје.

Останува во следниот период, Михајловски добро да ги разгледа опциите, секако тука ќе имаат влијание и играчите, особено староседелците.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата