Електро автомобил за САМО 9.200 ЕВРА! Да, го има, во Кина

29.09.2021
DPL
Електро автомобил за САМО 9.200 ЕВРА! Да, го има, во Кина

Кинеската компанија „Geely“, во чија сопственост е познатиот „Volvo“, во 2019 на домашниот пазар го покрена брендот за електрични автомобили „Geometry“.

Оваа марка сега го претстави новиот модел „EX3“ а станува збор за возило од Б сегментот.

Станува збор за возило чија почетна цена во Кина изнесува 59.700 јуани, односно околу 9.200 долари, па затоа „EX3“ со право ја носи титулата на еден од најевтините електрични патнички автомобили со пет седишта.

Примерокот прикажан на промотивните фотографии е полн со опрема, па за него сигурно треба да се издвојат повеќе од 10.000 долари.

““

Надворешноста е двобојна а возилото е опремено и со големи алуминиумски бандажи.

И покрај релативно скромните надворешни димензии, произведувачот вели дека патничката кабина е комфорна и дека во неа може да се сместат пет лица.

Голем е и багажниот простор. Како што велат од компанијата, на располагање се дури 500 литри а со спуштање на седиштата капацитетот може да дојде и до 1.050 литри.

Командната табла е целосно дигитализирана, а во внатрешноста доминира високо поставениот екран од мултимедијалниот систем на врвот од централната конзола.

„„

„EX3“ има електромотор со 95 КС.

Струјата се складира во батерија со капацитет 37,23 kWh, која според кинескиот „NEDC“ стандард обезбедува автономија до 320 км.

Со оглед на навистина ниската почетна цена, основната верзија од околу 9.000 долари не може да се пофали со многу безбедносни системи. Тука се само две предни воздушни перничиња, задна камера, систем за следење на притисокот во гумите „ABS“ и „EBD“.

Овој авотомобил на почетокот ќе им биде понуден само на купувачите во Кина, но произведувачот вели дека вцелта е во иднина да се тргне во освојување и на други пазари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата