И Шкендија, Шкупи и Борец во 1/8 финалето од Купот на Македонија!

22.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Шкендија, Шкупи и Борец во 1/8 финалето од Купот на Македонија!

Попладнево се одиграа преостанатите три меча од првата рунда или 1/16 финалето на Купот на Македонија. Прволигашите беа сигурни и не дозволија никакви изненадувања. Шкендија со 2:0 го победи Кит Го во Штип, стрелци беа Шаља во 23. и Дориев во 90+2.минута, Борец со убедливи 4:1 славеше над тимот на Њу Старс, а Шкупи во Струга против Велешта, го обезбеди пласманот во следната фаза со триумф од 1:0 и тоа со голот на Ѓорѓиевски во 45+1.минута.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата