Баерн нема да го казни Кимих за критиките кон раководството

26.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн нема да го казни Кимих за критиките кон раководството

Баерн Минхен нема намера да го казни Џошуа Кимих по неговите јавни критики кон раководството на клубот. Според информациите на „Билд“, челниците на баварскиот гигант ја прифатиле неговата реакција смирено и не сакаат дополнително да ја разгоруваат веќе чувствителната ситуација.

Кимих застана во одбрана на Џамал Мусиала, откако неколку високи функционери на Баерн јавно го доведоа во прашање неговото враќање во најдобрата форма, како и оправданоста на неговата висока плата, поради здравствените проблеми и долгото отсуство од терените.

Капитенот порача дека проблемите требало да се решаваат внатре во клубот, а не преку јавни изјави на сметка на фудбалерот. Според него, клубот е поважен од секој играч, но не и од човекот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата