Милан со феноменален пресврт славеше со 4:2 на гостувањето кај Олимпијакос, во петтото коло од лигашката фаза во Лигата на Европа. Грците поведоа во 31. минута со автоголот на голманот Мајк Мењан, а на почетокот на второто полувреме, во 49. минута, Јота Силва зголеми на 2:0. Но, Милан не се предаде и брзо се врати во игра. Омари Хачинсон намали на 2:1 во 56. минута, а Алфаджо Сисе во 63. минута израмни на 2:2. Целосниот пресврт го комплетираше Кристијан Пулишиќ во 71. минута, по асистенција на Хачинсон. Во петтата минута од судиското продолжение Диего Мореира ги постави конечните 4:2, по нова асистенција на Пулишиќ.
Левски на нашиот Никола Серафимов беше поразен во Марсеј. Олимпик освои три бода на домашен терен против бугарскиот тим, славејќи со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Амин Гуири во 28. минута, реализирајќи пенал досуден поради прекршокот на Алдаир Невеш. Серафимов беше стартер за Левски.
Баер Леверкузен славеше со 2:0 на гостувањето кај Динамо Загреб. Германскиот тим ја заврши работата уште во првото полувреме, кога постигна два гола. Малик Тилман во 10. минута го отвори резултатот, а Џарел Кванса во самиот финиш на првиот дел, во 45. минута, ја удвои предноста по асистенција на Муса Дијаби.
Лига на Европа – 5. коло
Бешикташ – Хапоел Бер Шева
Салцбург – Арарат-Ерменија 2-0
Викторија Плзењ – Бенфика 4-0
Динамо Загреб – Баер Леверкузен 0-2
Олимпијакос – Милан 2-4
Марсеј – Левски 1-0
Унион Сент Жилоа – Лех Познањ 2-2
Селта Виго – Борнмут 1-2
Во натпреварите од 4. коло во Конференциската лига, лидерите Брајтон и Монако успеаја да дојдат до нови победи. Особено вредна беше онаа на Монако во завршницата на мечот со хартс на гости од 2:3, додека Брајтон пред своја публика немаше проблеми со Универзитатеа совладувајќи ја со 4:0.
Конференциска лига – 4. коло
Ајакс – Тун 4-0
Брајтон – Универзитатеа Крајова 4-0
Иберија Тбилиси – Хетафе 1-0
Јаблонец – Лугано 2-0
Кауно Жалгирис – Рига 2-0
Хартс – Монако 2-3
Егнатија – Линколн Ред Импс 2-1
Пафос – Митјиланд 0-2
Бран – Архус 1-4

