Ова е РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достави во Собрание

02.07.2021
Ова е РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достави во Собрание

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до македонското собрание Резолуција во која ќе се дефинирани македонските позиции во преговорите со Бугарија.

Според него оваа резолуција би имала обврзувачко дејство согласно волјата на народните избраници, а врз Владата би значело оцртување во кои рамки смее таа да разговара, но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси.

Мицкоски истакна дека  до сега оваа Влада требаше да научи дека е потребен национален и државен консензус за националните и државни прашања, а за жал македонските граници не се дефинирани и немаме една позиција.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ вели неопходен е национален и општествен консензус.

Резолуцијата која ја нуди Мицкоски  не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа што го дефинирале највисоките научни и општествени авторитети од МАНУ и УКИМ како заеднички државен и национален интерес.

Во продолжение следи текстот кој што ќе биде доставен во Парламентот.

Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, повторувам континуитет.

Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:

– Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет

– Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе – вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.

-Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен  однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, понатаму подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.

-Процесот за евро интеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.

– Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи

-Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата