Skip to main content
x

24 Jun 2021 - 0:00
redakcija
Статија

Лудата разврска на групната фаза на Еуро 2020 вечерва во Минхен и Будимпешта донесе два фантастично возбудливи дуели кои на крајот завршија без победник. Најголем губитник на крајот излезе одличната Унгарија, која двапати водеше среде Минхен противс лавната Германија, но „панцирите“ извадија реми, доволно за 3. место на табелата во групата „Д“ за да се протнат меѓу осминафиналистите.

Унгарија го шокираше германскиот нционален состав по само 11 минути, кога Адам Шалаи погоди за водство од 1:0. Унгарците ја одржуваа предноста се до 66. минута, кога Каи Хаверц успеа да израмни на 1:1. Но радоста на „Алијанц Арената“ траеше точно 2 минути, пред Шефер да погоди за ново водство од 2:1 за Унгарија.

По големиот притисок, Леон Горецка погоди во 84. минута и успеа среќно да ја однесе Германија до следната фаза, како една од четирите најдобри третопласирани селекции.

Мечот на денот во Будимпешта исто така донесе четири гола, за реми од 2:2. Од овие четири гола, три беа од пенал. Најпрво Роналдо во 31. минута ја донесе Португалија до водство од 1:0, па следуваше пенал за Франција во завршницата на полувремето, кој бензема го претвори во 1:1.

Во второто полувреме по само две минути игра, Бензема повторно погодува за пресврт и водство на „петлите“ од 2:1. Во 60. минута следуваше и трет пенал, повторно за Роналдо, кој погоди и за 2:2.

 

sportmedia.mk