Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ прецизно објаснува зошто Бугарија ја блокира Македонија, како Грција и помага во намерите и уште неколку историски факти.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

 

-Влегуваме во нова фаза од решавањето на македонското прашање…
Скоро ниту еден медиум во Македонија не ја пренесе веста од пред една недела дека грчкиот амбасадор во Софија, после средба во МНР на Бугарија, изрази разбирање за бугарската позиција по однос на Република Македонија…
Веројатно, така ни е полесно да не си ја рушиме сликата дека “еве само што не е биднат датумот”, а и кај дел од нас дека “ние се сме направиле, другите се криви”…
Старите рекле: “од своја глава си патиме”…
Денес Атина најави стопирање на одредени меморандуми со Република Македонија, односно стопирање со имплементација на делови од Преспанскиот договор, со глупаво и смешно образложение за некаков твит на Зоран Заев…
Улогата на Атина од денес е да и помогне на Софија да не биде перцепирана како кривец, туку да ја пренесе вината во Скопје.
Република Македонија треба да биде отсликана како држава која не ги почитува меѓународните договори, ниту тој со Бугарија, но ниту тој со Грција…
Преспанскиот договор е извор на енергија за бугарската позиција…
Кој не го знае на памет Преспанскиот договор (посебно членовите 7 и 😎 не ни разбира што сака да постигне Софија во преговорите со Македонија…
Преспанскиот договор го тангира културното, историско, јазично, фолклорно и идентитетско наследство од територијата, во договорот познат како северна Грција, а за нас познат како егејска Македонија, во територијална екстензија… Во временска екстензија Грција го доби правото на сопственост врз наследството на целокупноста на територијата позната како Македонија во временска рамка до средниот век…
Софија ги бара истите права што ги доби Атина, но во територијална екстензија за наследство од територијата на пиринска и вардарска Македонија, а за временска екстензија од почетокот на средниот век па се до 2 август 1944 година (оддржување на АСНОМ) за целата територија на регионот Македонија…
Софија и Атина се усогласени и синхронизирани…
Само недоучени и необразовани политичари не можеа да го видат ова уште пред години…
На Заев му го честитам “пријателскиот” поздрав од Атина, на еден ден после шамарот од Софија…
Единствена патека за излез од оваа дупка во која сме вовлечени е национално единство и гласно борење за нашите основни човекови, индивидуални и колективни, права признати со меѓународното право, од страна на Обединетите нации и Европската Унија…