Конектикат стана 18-та американска држава што ја легализира рекреативната употреба на марихуана кај возрасни.

Гувернерот Нед Ламонт го потпиша законот и рече дека тој ќе помогне во лекувањето на економските лузни што ги остави војната против дрогата.

Законот, кој стапува на сила на 1 јули, автоматски ќе избрише многу кривични пресуди и ќе воспостави регулаторна структура што ќе ги канализира можностите и приходите на заедниците погодени од неговата забрана.

„Со децении, војната против канабисот предизвикуваше неправда и создаде разлики, притоа не правејќи многу за заштита на јавното здравје и безбедност“, рече Ламонт во изјавата.

Истакнувајќи дека некои држави во регионот веќе ја легализираа рекреативната употреба на дрога, Ламонт рече:

„Ние не само што ефикасно ги модернизираме нашите закони и решаваме неправди, туку го одржуваме Конектикат економски конкурентен“.

Марихуаната е легално достапна за продажба во соседниот Масачусетс повеќе од две години.

„Регулирањето на канабисот, наместо да го криминализира, се покажа како супериорна јавна политика, па затоа се повеќе и повеќе држави забрзано се движат во таа насока“, рече Пол Арментано, заменик директор на НОРМАЛ, кој се залага за укинување на законот за марихуана.

Движењето за легализација доби интензитет оваа година, бидејќи пет држави, вклучително и Конектикат, ја одобрија рекреативната употреба на дрога.