Skip to main content
x

23 Jun 2021 - 11:00
redakcija
Статија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, остро ги нападна Германија и министерот за надворешни работи на таа земја, Хајко Мас, заради новите санкции од ЕУ.

На одбележувањето на 80-годишнината од нападот на нацистичка Германија врз СССР, Лукашенко рече дека Мас е „нацистички наследник“.

„Она што не го очекувавме е Германија да учествува во овој колективен заговор“, рече тој.

Лукашенко посочи дека датумот на воведување на санкции е намерно избран, бидејќи тој е симболичен.

„Поминаа 80 години и што сега? Што е ова? Дали е ова нова војна?“, запраша Лукашенко.

Што се однесува до Германија, тој рече дека „тоа не го очекувал од оние чии предци го убиле секој трет Белорус“, а во исто време јавно го праша Мас дали тој е „Германец кој се кае за злосторствата од минатото или наследник на нацистите“.

makfax.com.mk